СПМ: Ковачевски признава дека водел штетни политики, барањето нов мандат од граѓаните е дрскост
Социјалистичката партија на Македонија не е изнендадена од чудната изјава на претседателот на СДС Ковачевски дека е лично одговорен за сите неуспеси и успеси на владата во неговиот двегодишен мандат.
Ковачевски јавно признава дека лично водел погрешни политики и дека предизвикал неуспеси и со тоа штети на државата и народот што е општо познат факт.
Со вквото признание тој сака да ја лоцира вината кај себе за да покаже дека СДС и ДУИ се безгрешни. Тој не очекува Јавното обвинителство да дејствува по допрен глас зошто знае дека е под негова контрола.
Кога Ковачевски признава дека водел штетни политики, барањето нов мандат од граѓаните е дрскост и безобразие од личност која нема скрупули и морален кредибилитет да води држава и кој никогаш не учествувал на избори.
Криминалот и корупцијата се признание на владата на СДС и ДУИ предводена од Ковачевски со што го наруши угледот на државата и ја подреди под други фактори. Тие се кочничари на процесот за членство во ЕУ.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека изборите се можност за промени и секој кој јавно признава вина и грешни политики мора да одговара за тоа, а особено за штетата и злоупотебите кои се направени. Затоа на изборите мора да се изберат чесни и креативни кадри кои знаат да ја водат државата на европскиот пат и напредок.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови