СПМ: Конфузијата на ставовите од челниците на ЕУ ја покажува неподготвеноста за проширување, избори се решение
Социјалистичката партија на Македонија укажува на конфузијата создадена со различните ставови и изјави на угледни ЕУ авторитети кои ја покажуваат неподготвеноста на интеграцискиот процес и отпорите од државите членки кон земјите кандидати за членство. Тоа е јасна слика за дисфункционалноста и селективноста на политиката на ЕУ кон Македонија и земјите кандидати.
Неусогласените интереси на државите членки и нивните антагонизми ја наметнуваат потребата за редефинирање на самата Унија и за нејзина реорганизација.
Затоа е депласирана било каква идна дебата за уставните измени, уште помалку изгласување, како што некои посакуваат, затоа што тоа не носи никави промени во евроинтеграцискиот процес на Македонија.
Тоа секому му е јасно освен на апатридната власта која упорно се труди да создаде привид преку кој и понатаму настојува на измени на Уставот.
Во спротивставеноста во ставовите меѓу европската комисија и совет за конкретната временска рамка за прифаќање на нови земји-членки македонската власт добро е да го почувствува моментумот за воздржаност од свои толкувања, кои вообичаено секогаш се погрешни. За жал, инфериорните Ковачевски, Османи и Маричиќ импресионирани од настанот со сета неукост се впуштаат во дополнителни дообјаснувања за домашната јавност иако е очигледно дека кредата и таблата вистински нив им е најпотребна.
Никакви изговори неможат да го сокријат дебаклот на непостоечката македонска надворешна политика и дипломатија во евроинтегративниот процес. Запрепастува фактот што оваа тројка која има загубено секаква употребна вредност, како да не ја разбира хаваријата која што Македонија ја доживеа. Целата стратегија на СДС и ДУИ на отстапки и предавства претставена како евроинтегративен процес е тотално потопена.
Во иднина нашите европски партнери нема да бидат фокусирани на датум, туку нивниот фокус ќе биде на тесната соработка со земјите кандидати што за Македонија ќе претставува можност за потребното престројување во евроинтегративниот процес.
Социјалистичката партија на Македонија напоменува дека оваа сложена операција изискува способни, стручни и посветени луѓе кои во актуелната и некомпетентна власт ги нема. Кадровските капацитети на СДС и ДУИ се исцрпени освен можностите за максимален криминал.
Социјалистичката партија на Македонија напоменува дека општествените промени и политичкото рекомпонирање можат да дојдат исклучиво преку брзи вонредни парламентарни избори кои им се потребни на македонските граѓани и држава. Подеднакво со вклучување на сите подготвени луѓе со полн капацитет во реализација на реформите.
Социјалистичката партија на Македонија
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп