Македонија
18. March 2023 - 16:34

СПМ го одржа изборното собрание на форумот на жени

Социјалистичката партија на Македонија денеска го одржува 7-то изборно собрание на Форум на жени. 

За негов претседател, едногласно беше избрана Зорица Јанкуловска која вети активно учество на жените во општеството и политиката како реалност, а не само како процента застапеност. 

На изборното собрание на форумот на жени се обрати и претседателот на СПМ, Љупчо Димовски, кој рече дека токму жените ќе ја имаат клучната улога во справување со предизвиците пред кои е исправена државата.