Свет
27. August 2017 - 18:55

Спикерот на Конгресот на САД го критикуваше Трамп за помилувањето на еден десничарски шериф

Спикерот на американскиот Конгрес Пол Рајан, висок функционер на Републиканската партија на САД, ја критикуваше одлуката на претседателот Доналд Трамп, да помилува еден поранешен, десничарски шериф од сојузната држава Аризона.

-Претседателот не требаше да го помилува Џо Арпајо кој спроведуваше остра линија кон имигрантите, изјави Рајан.

Минатиот месец, Арпајо беше осуден од еден американски суд за непочитување и игнорирање на судски одлуки,  одбивајќи  да ја спроведе одлуката да престане со прогонувањето на имигрантите, Латиноамериканци, за кои тврдеше дека сите се илегално во САД.

Според „Њујорк Тајмс“  Трамп се обидувал да го спречи судењето на 85 годишниот Арпајо, барајки од државниот обвинител Џеф Сешенс и од советникот за правни прашања во Белата куќа, Доналд Мекган да го блокираат процесот.

Кога не успеал во тоа, ја сочекал пресудата и тогаш ги известил соработниците дека ке го помилува шерифот од Аризона, за кој се вели дека долгогодишен подржувач на Доналд Трамп.

Функционерите  кои спроведуваат извршување на правни одлуки, се должни да ги почитуваат правата на сите во САД. Не можеме да дозволиме никому да верува дека таа должност е намалена со ова помилување, стои во специјалното соопштение на Спикерот Пол Рајан.

Тоа решение на претседателот Трамп го осудија републканскиот сенатори Џон Мекејн и Џеф Флејк, поранешниот републикански гувернер од Флорида, Џеф Буш, низа организации и групи за човекови права кои органзираа и протести, како политичарите од Демократската партија.

Правни експерти оценуваат дека одлуката на Трамп за помилување е „правно сомнителна“ затоа што е донесена пред да му се изрече казна на шерифот Арпајо, што е предвидено за 5 октомври и без неговиот случај да помине низ жалбената процедура.