-->
-->
Спејс икс лансираше десетици минисателити во орбитата како дел од мисијата Транспортер 9
-->
Во рамки на мисијата „Транспортер 9“, во ниската орбита на Земјата беше лансирана ракетата Фалкон 9 со десетици минисателити, објави компанијата „Спејс Икс“ на социјалната мрежа Икс (Твитер).
Мисијата Транспортер9 е деветти специјален лет на ракетата SpaceX во орбитата која носи десетици микро и наносателити за комерцијални и владини клиенти.
Фалкон 9 беше лансиран од вселенската база Ванденберг во Калифорнија. Транспортер 9 е 82-та орбитална мисија на SpaceX оваа година.
Повеќето од мисиите беа посветени на создавањето на Starlink, интернет мегасоѕвездието на SpaceX со повеќе од 5. 000 сателити.
Претходната мисија „Транспортер 8“ беше лансирана во јуни, кога во орбитата беа лансирани 72 минисателити.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани