„Спејс Икс“ испрати уште 46 сателити „Старлинк“ во орбитата
Американската компанија „Спејс Икс“ успешно ја лансираше ракетата Фалкон 9 со нова рунда микросателити Старлинк, се наведува во соопштението на веб-страницата на компанијата. Лансирањето од локацијата на американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија, се случи вчера во 14:40 часот по локално време, а во ниската орбита на Земјата беа лансирани 46 микросателити.
Мрежата Старлинк е создадена за да обезбеди пристап до интернет со распоредување на голем број сателити со тежина од 260 килограми. „Спејс Икс“, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, проценува дека лансирањето на вкупно 11.000 сателити и нивното пуштање во употреба ќе чини 10 милијарди долари.
Од мај 2019 година, компанијата испрати повеќе од 2.500 сателити Старлинк во орбитата.
Ново на Сител
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење
-
Бојмацалиев: Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи пробиен е законски рок