Специјално издание по повод 200 години од објавувањето на „Огледало“ од Пејчиновиќ
По повод 200-годишнината од објавувањето на книгата „Огледало“ од Кирил Пејчиновиќ, издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје подготви специјално издание (Огледало за огледало), со напореден превод на современ јазик од Игор Калпаковски.
- Кон ова круцијално дело на македонската просвета, приредувачот проф. Борис П. Момировски Лешанин, објавува толкувања во кои ја нагласува историската улога на книгата за нашата духовна култура во изминатите два века, соопшти издавачот.
Кирил Пејчиновиќ Тетоец (1771-1845) спаѓа во редот на големите македонски дејци, кои оставија длабоки траги во целокупната македонска духовна култура.
Покрај „Огледало“, која е отпечатена во Будим во 1816 година, Пејчиновиќ е автор и на книгите „Слово за празниците“ и „Утешение грешним“ кои имале непроценлива улога во просветувањето на македонскиот народ. Неговиот Епитаф, пак, литературната наука го смета за прва песна напишана во народен дух.
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски