Спасувачите кренаа раце: Нема надеж дека фудбалерот е жив
Шефот на тимот кој го бара исчезнатиот авион во кој се наоѓаше напашачот на Кардиф, Емилијано Сала (28) изјави дека „нема надеж“ дека ќе биде пронајден.
Аргентинскиот напаѓач, за кого тимот од Велс во неделата плати рекордни 15 милиони фунти, се враќаше во Кардиф по разделбата со поранешниот тим и соиграчите во Нант, кога малиот авион со кој леташе исчезна над Ла Манш во понеделникот вечерта.
По неколку часа потрага во вторникот, акцијата беше запрена во вечерните часови, и беше продолжена со првата светлина во средата, во реонот каде што авионот последен пат бил забележан од радарите.
Сепак, во вторникот вечерта, официјални претставници истакнаа дека минимални се шансите да бидат пронајдени преживеани, а на вториот ден од потрагата, шефот на спасувачкиот тим Џон Фицџералд истакна дека дури и физички најподготвените луѓе не би преживеале во вода повеќе од неколку часа.
– За жал, јас лично не мислам дека има надеж. Овој период од годината, условите се прилично ужасни ако сте во вода, изјави Фицџералд.
Аргентинските медиуми објавија дека Сала испратил гласовна порака до семејството пред летот, велејќи дека е исплашен бидејќи „авионот изгледа како да ќе се распадне“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и врски
-
Aнгелов: Законот за бранители на Славјанка Петровска е кукавичко јајце кој во реалноста не може да се спроведе
-
Академијата за судии и обвинители ќе добие нов директор, во трка седуммина кандидати
-
ЕСM: Цевководот под Беласица ќе биде поставен во наредните неколку месеци
-
СДСМ: Со ВМРО-ДПМНЕ просечната плата паѓа
-
Инспектори казнуваат и се уништува небезбедна храна
-
Реформи во судството ќе има со политичка воља, во спротивно ќе останат само на хартија
-
Античка Стибера останува под земја