Спасовски: Жртвата на бранителите е завет во херојското делување на секој припадник на безбедносните институции
Во малата сала „Борис Трајковски“ во Скопје денеска започна меморијалниот турнир во мал фудбал „Херои на Македонија“, во чест на загинатите бранители, а турнирот за отворен го прогласи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој заедно со дел од раководството на Министерството за внатрешни работи проследи дел од натпреварите.
На почетокот од своето обраќање, министерот Спасовски во свое и во име на Министерството оддаде почит на загинатите припадници од редовите на МВР и Министерството за одбрана, кон нивните семејства и кон нивната непроценлива херојска жртва, вткаена во темелите на нашата татковина.
-Тука сме и да испратиме јасна порака дека нивната жртва, не само што ќе остане во колективната меморија на нашата држава и државност, туку е и ќе биде пример, своевиден завет во професионалното делување на секој припадник на безбедносните институции на нашата држава”, порача министерот Спасовски, нагласувајќи дека меморијалниот и традиционален спортски фудбалски турнир „Херои на Македонија“ посветен, пред сѐ, на споменот на загинатите колеги, има возвишена хумана цел – преку зближувањето, преку средбите и преку спортскиот карактер, да го направи сеќавањето на хероите трајно.
Министерот ја изрази својата длабока почит кон семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили на Република Северна Македонија, како и кон меморијалната манифестација, а на натпреварувачите на завршниот турнир им посака успех и победа на најдобриот.
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак