Спасовски: За неколку дена ќе го имаме идентитетот на лицето кое го вееше знамето на „Голема Албанија“
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека полицијата има прибрано добри оперативни сознанија во врска со лицето кое го вееше знамето на „Голема Албанија“ во Тетово за време на пречекот на косовскиот премиер, Алнин Курти. Како што посочи, одредени лица веќе се таргетирани и за неколку дена ќе го имаат идентитетот на лицето.
Спасовски потенцираше дека се вршат детални испитувања и кога ќе дојде моментот медиумите ќе ги добијат информациите.
-Имаме прибрано добри оперативни сознанија. Имаме неколку лица кои се таргетирани. Се вршат детални испитувања во овој момент и јас мислам дека за неколку дена веќе ќе го имаме идентитетот на лицето. Кога ќе дојде моментот, ќе ги добиете сите информации. Истрагите не се водат преку медиумите. Тие се водат преку институциите, изјави денеска Спасовски по означувањето на почеток на превентивната кампања на МВР „Кажи НЕ на дрогата,ДА на животот" во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито", во одговор на новинарско прашање.
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски