Спасовски: Во МВР не смее да има политички пазарења
Одлуките ги носам врз основа на анализите за кадровскиот потенцијал на Министерството за внатрешни работи и во ова министерство не смее да имаме никакви политички пазари и пазарења, ако сакаме да имаме институција во која ќе веруваат граѓаните, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско рашање за наводите за можно политичко пазарање за раководни функции во МВР.
Посочи дека промени нема, затоа што нема основи да размислуваат за такви работи.
- Имаме структура што работи професионално. Таму каде што ќе имаме почувствувано дека има некакви аномалии, непочитување на одредени принципи на работењето, секако ќе правиме промени. Кадровската политика не е дадена еднаш засекогаш, таа нормално е да претрпува одредени измени и корекции, меѓутоа битно е тоа да го правиме врз основа на анализи и не би се занимавал со шпекулации, изјави Спасовски по потпишувањето на договорот за донација од Чешката Република.
Прашан за наводите дека Албанец ќе биде дел од специјалната единица „Тигри“, Спасовски рече дека за се се транспарентни и било која одлука да биде донесена ќе биде споделена со јавноста.
- Посакуваме сите професионалци во МВР да можат да бидат дел од раководни структури. За мене не е важно дали е некој Македонец, Албанец или Турчин, заради тоа што националноста не е професија. Ние разговараме за професионалци кои се полицајци и не може да разговараме за професија по основа на националност и тука имаме јасни и децидни ставови, рече Спасовски.
Посочи дека секој еден што ги исполнува условите и принципите, поставени за работење на МВР, ќе биде дел од раководните структури, како и дека е добро, што навистина има капцитети од сите етнички групи кои може да бидат на одредени позиции.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот