Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ги прекршува мерките и задолженијата
И во време на сериозна здравствена криза и пандемија, јасна е разликата меѓу одговорниот, транспарентен и чесен пристап на СДСМ и незрелиот, неодговорен и политикантски однос на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека СДСМ во целост ги почитува мерките и задолженијата, дејствува строго по утврдените протоколи, ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски секојдневно ги крши мерките и задолженијата и ги прекршува забраните за јавни собири.
За претстојната кампања веќе изготвивме протокол по кој ќе се одвиваат сите наши предизборни и партиски активности.
Тоа значи дека сите присутни на јавен настан или состанок организиран од СДСМ мора да носат заштитна маска, да одржуваат растојание од 2 метри. Групирањето е забрането, а бројот на присутни на јавни настани и средби ќе биде со строга контрола, со најмногу 50 лица на јавна локација и 30 во затворен простор, со задолжителна физичка дистанца.
Заради заштита на населението од коронавирус СДСМ ќе води кампања која ќе биде без настани на отворено со повеќе од 50 граѓани во публика; без настани на затворено со повеќе од 30 граѓани во публика; без митинзи и без активности од „врата до врата“.
И додека СДСМ функционира исклучиво во заштита на здравјето на сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно ги крши сите протоколи и мерки за заштита со што здравјето на граѓаните го доведува во опасност.
Последен пример е партискиот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Лисиче кога и самиот Мицкоски ја прекрши забраната за собири и учествуваше во масовен собир каде што имаше и физички поздравувања, не се држеше дистанца, а маски ретко кој и да носеше.
Јавноста беше сведок и како Мицкоски посетуваше тератани, се групираше на јавни места, како седел во дел од ресторан кој не смеел да работи, а за сето тоа време неговиот Наќе Чулев не реагираше ниту еднаш.
Тоа се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Напладне глумат загриженост за јавното здравје, а попладне истото го загрозуваат со кршење на мерките и забраните.
Ова е јасна разлика помеѓу вистинска грижа за здравјето на граѓаните од страна на СДСМ и свесно загрозување на јавното здравје од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.
Затоа, ве повикувам секој еден од нас да биде дел од решението со коронавирусот и да ги почитува мерките за заштита.
Да го чуваме здравјето и на 15 јули да победиме и да ја пребродиме оваа криза заедно, единствени и сплотени, како што ни доликува.
Ново на Сител
-
Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: Украински области заземени од Русија во замена за Курск
-
Коцевски: Моето постапување во случајот со Вишото јавно обвинителство е согласно закон
-
Данската разузнавачка служба предупредува дека Русија може брзо да се подготви за војна во Европа
-
Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари
-
Запленети 4,5 кг кокаин - приведени две лица
-
Паника во Измир, морето се повлече повеќе од 200 метри
-
Владата ги ограничува маржите во трговијата на мало и трговијата на големо
-
Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител