Спасовски – Тигањ: Хрватски приоритет е во јуни да биде поставена преговарачката рамка за Македонија
Премиерот Оливер Спасовски денеска имаше средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Макеоднија, Нивес Тигањ, на која била истакната исклучително добрата билатерална соработка меѓу двете земји кои ги поврзуваат традиционално добрите односи и врски на широк план.
На сребата, било посочено, дека добрата соработка особено дојде до израз во актуелниот период кога Хрватска претседава со ЕУ и го организираше самитот Западен Балкан и ЕУ Загреб 2020 на кој беше уште еднаш потврдено дека регионот е составен дел на Европа и геостратешки приоритет за Европска унија.
Амбасадорката Тигањ, се вели во соопштението од владината прес-служба, го информирала премиерот Спасовски дека Хрватска, како уште еден приоритет за време на нејзиното претседавање со ЕУ, доставила допис до Европската Комисија дека во јуни треба да биде поставена преговарачката рамка за Македонија со што ќе се отвори патот за првата меѓувладина конференција која треба да го означи почетокот на преговорите по поглавја за заокружување на процесот за членство на земјата во ЕУ.
Премиерот Спасовски се заблагодарил за големиот придонес и поддршката што ги прави Хрватска за Македонија во процесот на нејзините аспирации за членство во ЕУ, што е одраз и на длабокото и долготрајно пријателство меѓу двете земји и нивните народи.
Тој, исто така, ја оценил како исклучително важна иницијативата на Хрватска да се забрза потпишувањето на договорот за членство на Македонија во Фронтекс со што значително ќе се зајакнат безбедносните капацитети на границата, за која на средбата извести амбасадорката Тигањ и која информираше дека овие денови хрватскиот контингент полициски службеници на нашата јужна граница ќе биде заменет со нов состав.
Премиерот Спасовски, се вели во соопштението, на средбата потенцирал дека сите прашања од особено значење за Македонија, за кои Хрватска во овој период даде поттик и поддршка да се решат во најдобар интерес на земјата, треба да се заокружат во услови на функционални институции формирани врз основа на волјата на граѓаните на избори, за кои нагласи дека е од исклучителна важност да се одржат во првиот можен рок, односно дека датумот на изборите го определува Уредбата со законска сила со која што изборните дејствија се ставија во мирување и која утврдила дека изборните рокови продолжуваат во моментот кога ќе престане вонредната состојба.
Ново на Сител
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Комората на северозападна Македонија не гледа трикови со цените - Апелираат трговците да го почитуваат договореното
-
СДСМ: Антикорупциска да ја повлече одлуката за именувањето на Христовски за директор на АНБ
-
6 милиони евра дополнителни средства Агенцијата за вработување за 2025 година
-
Потребно е проширување на понудата
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката