Македонија
5. March 2021 - 9:35

Спасовски: Се води истрага во ЈО за Мијалков, детали за јавноста кога ќе има законска можност

Во Јавното обвинителство се води истрага, а  сите активности што сме задолжени да ги спроведеме, вклучувајќи и докази  ги доставуваме до  обивнителство, изјави  министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со случајот на Сашо Мијалков.

Спасовски рече и дека  кога ќе има законска можност ќе бидат споделени сите детали во јавноста. Министерот е во посета на Секторот за внатрешни работи Куманово, каде врши увид во градежните активности на објектот.

 

Елена Милошевска