Спасовски: Најважно е политичарите во кампањата да испратат порака дека се почитуваат мерките
Има начини во време на пандемија што може да се искористат за да им се доближиме на гласачите. Нема да има митинзи, а најважно е политичарите да ја пратат пораката дека се почитувата мерките, рече премиерот Оливер Спасовски при денешниот престој во Пирлеп одговарајќи на прашањето како ќе се одвива изборната кампања и ќе се испратат пораките до гласачите.
-Мислам дека има многу начини како да допреме до избирачите. Има медиуми, има социјални мрежи, има разни иновативни начини преку кои може да дојдеме да ги соочиме политичките концепти, а сепак тоа да биде безбедно за сите нас, за граѓаните. Секако, таму каде што ќе се процени дека може да се направат мини средби со почитување на сите мерки на дистанца на носење на опрема ќе го направиме и тоа, средбите со целните групи, посебни информации за претставување на програмата на политичките субјекти. Значи, сите опции кои ни стојат на располагање во времето на оваа пандемија ќе бидат искористени за да се доближиме, што е можно повеќе до граѓаните, рече Спасовски.
Тој нагласи дека најбитна е пораката која ќе ја испратат политичарите дека се почитуваат мерките, за сите да го прават тоа.
-Најважно е политичките субјекти да ја праќаат пораката дека се почитуваат мерките. Најважно е оние кои излегуваат во кампањата да не ги гледам на слики кои завчера ги видов од некакви собири на опозициони партии на кои сите заедно се гушнати, без маски. Со тоа праќаат порака дека не треба да ги почитуваат мерките. Одговорноста на почитичарите е најголема во оваа држава, зашто ако сакаме сите други тоа да го почитуваат, тоа треба ние први да го правиме, изјави Спасовски при денешниот престој во Прилеп.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.