Спасовски: МВР е подготвено за локалните избори
Министерството за внатрешни работи е подготвено за локалните избори. Се подготвуваме максимално да овозможиме да имаме мирен фер и демократски изборен процес и одлична безбедност, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.
- Ние се подготвуваме максимално да овозможиме да имаме мирен, фер и демократски изборен процес и да има одлична безбедност. Меѓутоа од друга страна се подготвуваме да делуваме во рамки на спречување каква било злоупотреба на позицијата на кој било функционер во изборниот процес. Стоиме на располагање и ги остваруваме сите барања на Државната изборна комисија, рече Спасовски на прес-конференцијата.
Додаде дека сите структури во рамките на МВР оперативно веќе почнуваат да делуваат во однос на обезбедувањето на локалните избори, односно периодот до одржувањето на изборите и денот на изборниот процес.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис