Спасовски: Имаме посебен оперативен план за ноќта на 31 декември
Министерот за внатрешни работи денеска на својот фејсбук профил соопшти дека МВР има посебен оперативен план за ноќта на 31 декември, како и за утредента на први јануари.
Спасовски уште еднаш апелира на совесно прославување, без големи групирања и загрозување на јавното здравје. Предупредува и дека ако некој директно го загрозува здравјето на граѓаните, ќе мора да сноси одговорност.
-Исчезнаа огласите за групни прослави по викендици за Нова Година откако започнавме со апели и проверки преку Секторот за превенција при МВР. Полициското присуство секогаш било засилено околу Нова Година и другите празници во текот на јануари затоа што е важно да се одржи јавниот ред и мир, а тоа го покажува ланскиот мал број пријави и инциденти. Имаме посебен оперативен план за ноќта на 31 декември, како и за утредента на први јануари, затоа апелирам за совесно прославување, без големи групирања и загрозување на јавното здравје, ако некој директно го загрозува здравјето на граѓаните ќе мора да си сноси одговорност, пишува министерот Спасовски.
Ново на Сител
-
17-годишник излетал од пат со автомобил, повредени неговите малолетни сопатници
-
Песков: Треба да се помине долг пат за да стекнеме доверба во Америка
-
Холандската полиција бара забрана за огномет поради пораст на нападите со експлозив
-
Дете удрено со мотор во Аеродром
-
Во шкафчето под мијалникот не се чуваат сите видови кујнски производи
-
Со автомобил удрил во семафор и во пешак па избегал | ФОТО
-
Вчера казнети 773 возачи, 73 возеле без возачка дозвола
-
Ватикан: Папата ноќеска добро се одморил