Македонија
10. April 2021 - 16:41

Спасовски и Чулев повикани како сведоци за случајот „Рашковски“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот претходник од редовите на ВМРО ДПМНЕ Наќе Чулев, биле на распит во Одделението за гонење на организиран криминал и корупција, а во врска со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци го креирал самиот Рашковски и за 81 илјади евра буџетски пари, поранешниот генерален секретар на владата го купил од „Инвока” за потребите на МВР.

Информацијата за Сител ја потврди обвинителката Вилма Рускоска која потенцира дека Спасовски и Чулев биле повикани како сведоци во постапката.

Спасовски како сведок во Обвинителството се појавил во средата, а еден ден по него и екс-министерот Наќе Чулев.

Инаку по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, вчера претреси беа извршени во фирмата „Инвока груп“ од која, во име на владата Рашковски го набави спорниот софтвер, како и во домот на сопственикот на фирмата. Повеќе детали за истрагата засега не се откриваат.