Спасовски: Едно лице го извршило убиството на Јанушев - се проверува агенција за обезбедување
Едно лице пукало во 28 годишниот Јанушев и тоа и е познато на полицијата. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека по него интензивно се трага и дека и покрај шпекулациите дека побегнал во Србија, осомничениот за убиството според МВР најверојатно се уште се крие во Македонија.
Тој истакна дека според првичните сознанија, убиениот и убиецот имале лични недоразбирања.
-Во СВР Скопје е формиран посебен штаб кој работи на расветлување на настанот. Имаме голем напредок и работиме заедно и по налог на јавното обвинителство. Обезбедени се сведоци и распрашани се многу луѓе. Исто така обезбедени се снимки од околните објекти. Се работи за едно лице кое го извршило убиството. Првичните сознанија се дека имале лично недоразбирање, рече министерот Спасовски.
Спасовски вели дека во интерес на истрагата нема да открива повеќе детали и одби да одговори дали зад убиството стоел нарачател. Тој потврди дека полицијата ја проверува и работата на одредена агенција за обезбедување која според одредени информации можно е да е поврзана со убиството
-Се прават проверки и на агенцијата за да се види дали има поврзаност со убиството, истакна Спасовски, кој додаде дека се вршат сериозни проверки на сите агенции за обезбедување.
Тој додаде дека од јули до сега се извршени 12 убиства, од кои само две не се расчистени.
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори