Спасовски до 21 октомври треба да формира работната група за ветинг во МВР
Владата на вчерашната седница ја усвои информацијата и Предлог – планот за мерки, активности и динамика на спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи.
-Владата го задолжи министерот за внатрешни работи, најдоцна до 21 октомври 2019 година, да ја формира работната група утврдена за спроведување на процесот на ветингот на вработените во Министерството за внатрешни работи и преку претседателот на Собранието на Република Северна Македонија да побара во работната група да земат учество најмногу тројца претставници од политичките партии во Собранието на Република Северна Македонија, кои ќе бидат во улога на набљудувачи на процесот на ветинг во Министерството за внатрешни работи, соопшти владината прес-служба.
Планот, како што се наведува во соопштението, го изработила Работната група, во која покрај претставници на Министерството, учествуваат и претставници на академската заедница, Македонскиот полициски синдикат, ОБСЕ, Амбасадата на САД, како и претставници од невладиниот сектор.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува