Македонија
11. December 2023 - 10:05

Спасовски: Денеска го исплаќаме надоместокот за годишен одмор за 2023 година

Денеска го исплаќаме надоместокот за годишен одмор (регрес) за 2023 година во износ од 10.000 денари за вработени во МВР, односно бруто износ од 125.498.745 денари.

Како раководство на МВР се обврзавме кон континуирано унапредување на социјалниот статус на полициските службениците и вработените во МВР – со зголемување на платите за 35% откако сум на чело на МВР и со редовно исплаќање на 6 бонус плати, а со една единствена цел – создавање задоволна и мотивирана полиција која ја гарантира безбедноста на граѓаните, напиша министерот Спасовски на социјалните мрежи.