Македонија
27. September 2022 - 9:38

Спасовски: Четири и пол децении егзистирање на оваа високообразовна институција

Четири и пол децении егзистирање на оваа високообразовна институција, од оваа дистанца, барем за мене, значат: голем самопрегор, истрајност, научно љубопитство, истражувачка дејност и, секако, воспитување и образување на генерации и генерации академски граѓани, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

– Но ваквиот курикулум, сепак, не би бил целосен доколку не се споменат мноштвото научни и стручни трудови од областа на безбедноста или, пак, активната експертска партиципација во многуте нормативни и практични решенија според кои денес функционира институционалниот дел на системот што ја третира проблематиката на безбедноста, напиша Спасовски на фејсбук.