Спасовски: Без градење личен и професионален интегритет се губи смислата на општествениот зафат
Може да имате беспрекорни идеи, проекти, концепти, процедури, но што од сето тоа доколку уште во самата основа сме пропуштиле да инвестираме во луѓето, и не само во нивната способност, стручност или експертиза, туку и во нивното професионално поведение, сфаќање, во нивниот етички и вредносен светоглед.
Ова меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето денешно обраќање по повод почнувањето со работа на дводневната работилница за планирање и управување со интегритет, во рамки на Програмата за градење полициски интегритет што се спроведува во заедничка соработка на Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили и Министерството за внатрешни работи.
- Секоја реформа има своја цел. Но ниту една реформа не може да стигне до посакуваната цел доколку не се потпира на суштинските претпоставки за нејзино реално спроведување и операционализирање. Во центарот на тие претпоставки, пак, секогаш се наоѓа човечкиот фактор или човечкиот ресурс - оние што треба да ги реализираат зададените задачи, оние заради кои воопшто и постојат самите реформи, рече Спасовски.
Тој додаде дека без постоење или градење на личен и професионален интегритет се губи смислата, односно есенцијата на каков и да е општествен зафат - неговата кредибилност и веродостојност.
Според него, сосема е разбирливо зошто во изминатиот период, во рамки на Министерството за внатрешни работи, беше одлучено да се реафирмираат заложбите за креирање на квалитетна база на нови стандарди и вредности што ќе бидат во функција токму на воспоставување на повисоко ниво на професионален интегритет на сите вработени во министерството.
- Интегритет што од една страна ќе ги гарантира поголемата ефикасност и доследната законитост во работењето, а од друга страна ќе го почитува достоинството и професионалните квалитети на нашите вработени, истакна Спасовски.
Ново на Сител
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер