Македонија
26. November 2021 - 17:09

Спасовски: Автобусот удрил во банкината по што дошло до самозапалување на возилото

Предметниот автобус на „Беса-транс“ кој се движел од Турција во Бугарија удрил во банкината при што возачот изгубил контрола над возилото по што дошло до самозапалување на возилото. Потоа удрил во средишната банкина, информираше Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи на денешната прес-конференција.

„Полицијата прави контрола на документи кои лицата и возилата треба да ги имаат при преминување на државната граница односно патни исправи а за возилата ги контролира сообрачајната дозвола и зелениот картон. БЈБ не е овластено да ги проверува лиценците, тоа го прави Царината“, кажа Спасовски.