Спасов: Законот за јазици не му пречи на македонскиот јазик
Законот за јазици не му пречи на македонскиот јазик, на неговиот статут и корпус, како и на Законот за македонски јазик кој оди како посебен јазик.
Ова денеска го изјави универзитетскиот професор Људмил Спасов, по отворањето на Меѓународната научна конференција „Минатото на јазичниот свет – денес и утре“ што се одржува во рамки на Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
- Македонскиот е јазик на оваа држава и како таков ќе остане, и ми се чини дека никој не помислил, ни другите што не им е мајчин јазик, да го негираат. Напротив, со една политика на атракција на приближување секој народ или секој човек ќе се најде себе си во оваа држава, вклучително, ќе се придвижи, ќе го усвојува и ќе го употребува македонскиот јазик, рече Спасов.
Според него, има место за амандмани во текстот на Законот за јазици, но, како што рече, нема место за негирање и повлекување.
- Се залагам да влезе во собраниска процедура и Законот за македонски јазик , кој е посебен закон. И со политика на атракција или приближување на луѓето да ги сфатиме јазиците во Република Македонија, особено македонскиот и другите, како јазици на зближување, а не на разделување. Како мостови меѓу култури и меѓу луѓе, истакна Спасов.
Ново на Сител
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
-
Тепачка помеѓу малолетници во Штип
-
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите
-
Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина