Бизнис
18. March 2016 - 20:54

Спасов: Преку проектот „Македонија вработува“ вработени над 150 илјади лица

Текстилна компанија од Кочани преку  Македонија вработува отворила 100 нови работни места.  Поволностите од проектот им помогнале да го обезбедат потребниот кадар  за работа и да го зголемат обемот на производство од   кое најголем дел е наменето за извоз. 

Според последните бројки, со Македонија вработува за една година отворни се над 15 илјади работни места, во 8.000 компании.  Кочани е една од општините во кои се постигнати најголем број вработувања преку мерката околу 1040.

-  Од овие 15,200 работни места  најголем е бројот на вработени лица до 35 години-10.000 лица, до 29 години - 4.000 лица, а од 29 до 35 години 5.000 лица. И кај лицата од 35 до 50 години кои повеке од 10 години чекаа вработување преку оваа мерка се вработени 2.000 лица, додека над 50 години се вработени  3.000 лица, Диме Спасов- заменик министер за труд и социјала

Проектот завршува на 15 април, надлежните апелираат  фирмите да ги искористат поволностите и да заштедат до 40 отсто од трошоците.

Пред неколку дена заврши  и повикот за мерката вработување на млади до 29 години, со која се вработија над 12 илјади лица,  5000  од нив се жени, а најголем дел од вработените  7.500 се со средно образование.