Спасов на средба со граѓани во Сопиште
Како резултат на политиките коишто ги води ВМРО-ДПМНЕ, невработеноста во Македонија во изминатите десет години значително е намалена, истакна членот на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ Диме Спасов на денешната средба со граѓани и членови на партијата во Сопиште.
- Ако во 2006-та истата изнесуваше 38 проценти, денес е на историско најниско ниво на 24 проценти. Ако во 2006 година имаше околу 560 илјади вработени лица денес има 720 илјади вработени во РМ или новоотворени над 160 илјади работни места, рече Спасов.
И во Сопиште, како што кажа, не е поразлична ситуацијата. - Во Сопиште во 2006 година имаше околу 720 невработени додека пак денес има околу 430, што е намалување на невработеноста за околу 39 проценти само во оваа општина, која што гравитира во градот Скопје, пред се, како резултат на мерките и политиките коишто ги реализира Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, рече Спасов.
Граѓаните, додаде тој, веруваат во економската програма на ВМРО-ДПМНЕ и веруваат дека партијата води многу подобра грижа за РМ, за македонската економија, поради што на 11 декември ќе го дадат гласот за партијата.
- Народот знае дека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за македонските национални интереси за разлика од негрижата која што ја води СДСМ и токму затоа ќе гласа против СДСМ. Гласот против СДСМ е глас против редефинирање на државата, е глас против воведување на албанскиот јазик на целата територија на Република Македонија, истакна Спасов на средбата со жители на Сопиште, Скопско.
Ново на Сител
-
Руте: На Самитот во Хаг ќе донесеме историски одлуки за нашите граѓани да бидат побезбедни
-
Прегазен пешак во Гостивар
-
Сообраќајка помеѓу мопед и велосипед - тешко повреден 60-годишен охриѓанец
-
Скопјанец измамил лице кое требало да му продаде возило - не платил и го препродал
-
МВР и КСЗД ја унпредуваат соработката
-
Обвинителството ќе ја обжали ослободителната пресуда за таткото на Вања
-
Мицкоски: Законот за правична застапеност обезбедува професионализам и компетентност на сите граѓани во Македонија
-
Приведен 47-годишник од неготинско, управувал возило со 2,46 промили алкохол во крвта