Спахиу: Локалниот лидер на дебарскиот огранок на ПЕИ премина во ДУИ
Локалниот лидер на огранокот на Партијата за европска иднина (ПЕИ), Абдија Мерсоски, премина во редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), соопшти Артин Спахиу, претседател на огранокот на ДУИ и шеф на Избор штеб на партијата за Дебар на денешната прва седница на штабот на која присиствуваше и Мерсоски.
-Покрај кадрите на огранокот денес, на успешните политики, инклузивната филозофија се придружи и претседателот на огранокот на Партијата за европска иднина, Абдија Мерсоски, кој како општински советник, од денес влегува во огранокот на ДУИ и во советничката група на нашата партија, рече Спахиу.
Мерососки е член Советот на општина Дебар, избран на последните локални избори од кандидатската листа на СДСМ-ПЕИ.Со ова ДУИ во Совет на општината кој брои 15 членови сега има шест советнички места. По две места имаат СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и Алтернатива и три Алијансата за Албанците.
Спахиу на средбата,која беше одржана на отворени,поради одржувањето на физичка дистанца,а на која присуствуваше и градоначалникот Хекуран Дука и кандидатката за пратеник Арбана Пашоли, меѓу другото порача дека „го очекуваме овој ден, бидејќи од денес почнавме да ги бориме деновиве наназад, се до големата победа за премиер Албанец“.
Ново на Сител
-
Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо
-
Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав
-
Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9
-
„Џо, отпуштен си“ - објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер