Спорт плус
20. November 2015 - 10:24

СП во Портланд без руски атлетичари

Руската атлетика ја тресе допинг афера и сигурно е дека атлетичарите од оваа земја нема да настапат на СП во атлетика во сала што ќе се одржи во Портланд, САД од 27-30 марти наредната година. 

Причина што извештајот на инспекторите на Меѓународната атлетска федерација за анти-допинг мерките во Руската атлетска федерација ќе бидат готови дури една недела по завршувањето на шампионатот.
ИААФ минатиот петок на неодредено време ги суспендира атлетичарите од Русија по извештајот на Светската анти-допинг агенција ВАДА за системско допингување на руските атлетичари.