Спорт плус
10. April 2020 - 12:24

СП во атлетика презакажано за 2022 година

Последен во низата на презакажани големи спортски настани е атлетскиот Мундијал. 
 
По одложувањето на Олимписките и Параолимписките игри во Токио за 2021 година, нешто што беше сосема за очекување дека и Светскиот шампионат во „Кралицата на спортовите“, атлетиката ќе претрпи промени. 
 
Тоа уште одамна го најави првиот човек на Светската Атлетска Федерација, Себастијан Кое, па сега доаѓа само потврда за тоа. 
 
Атлетскиот мундијал чиј домаќин ќе биде Орегон првично беше закажан за август следната 2021 година, но сега истиот е презакажан за 2022 година во периодот до 15-24 јули.
 
Како што истакнуваат од Светската Атлетска Федерација, потврдениот датуми ќе им овозможат на спортистите да се натпреваруваат на континенталните шампионати Игрите на Комонвелтот закажани да се одржат од 27 јули до 7 август, односно Европското првенство што ќе се одржува кон средината на август (од 11-ти до 21-ви).