Loading Video...
Кошарка
14. September 2019 - 18:38

СП: Србија 5-та во светот, оставка на селекторот

На кошаркарскиот Мундијал во Кина  останува уште поделбата на медалите откако  денеска завршија натпреварите за пласман.

                Србија по подолго време останува без медал и го освои 5. Место во светската кошарка откако славеше во дуелот со Чешка со 90-81. Клучна за победата беше 3. Четвртина која Србија ја доби убедливо во 28-12. Најдобар поединец на теренот беше Богдановиќ со 31 поен.

                По мечот селекторот Ѓорѓевиќ најави заминување од функцијата по неуспехот на Мундијалот каде Србија загуби токму од финалистите Шпанија и Аргентина.

                Во мечот за третото  место САД  ја совладаа Полска со 87-74  со што го освоија 7. Место што е најслаб пласман на јенките на мундијалите.

                Донован Мичел со 16 поени и 10 скока беше  најдобриот поединец во победничката екипа.

                Утре се играат натпреварите за медали. Во малото финале играат Австралија и Франција додека за златото ќе се борат Шпанија и Аргентина.