-->
-->
СП Ракомет (ж): Финале Холандија-Норвешка
-->
Ракометарките на Норвешка и Холандија ќе играат во финалето на СП кое се одрќува во Данска. Во полуфиналето Холандија извојува лесна победа над Полска, додека Норвешка во трилер натпревар, по едно продолжение славеше над Романија.
Холандија без поголеми проблеми ја совлада Полска (30:25), откако водеше од почетокот до крајот на моменти и со девет голови разлика. Холанѓанките го остварија најголемиот успех во нивната историја откако се пласираа во своето прво финале.
Второто полуфинале понуди вистинска борба, врвен ракомет со многу пресврти, во кое и двете селекции во последните 30 секунди имаа по еден напад за победа. Сепак регуларниот дел заврши со резултат 27:27. Норвешка во продолжението имаше повеќе нерви и сили и успеа да слави со 35:33. Ромаките го платија данокот на двете тешки победи во претходните мечеви во кои го елиминираа светскиот првак Бразил и домаќинот Данска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови
-
Преглед на вестите од светот
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани