Loading Video...
Ракомет
20. January 2021 - 19:52

СП Ракомет: Македонија надиграна од Словенија

Ракометната репрезентација на Македонија е поразена со 31-21 од Словенија на СП во Египет. 

Избраниците на селекторот Брестовац одиграа солидни 20минути по кои резултатот беше израмнет 9-9 по што цели 9 минути не постигнавме погодок и Словенија замина на пауза со предност од 13-9. 

И во вториот дел  нашата репрезентација продолжи со лошата серија и техничките грешки што Словенија го користеше и во 42м имаше предност од 21-12 што на крајот им донесе сигурна победа. 

Кире Лазаров со 5 гола беше најефикасен во нашиот тим. 

Следниот натпревар го играме за два дена против Русија.