СП атлетика: Рудиша најбрз на 800 метри
На Светското првенство во атлтика што се одржува во Пекинг денеска беа доделени пет комплети медали (три кај мажите и два кај жените).
Во трката на 800 метри кај мажите златен медал освои Даниел Рудиша од Кенија со време 1:45.84 минута. Второто место го освои Адам Кшзот од Полска, а трет целта ја мина Амел Тука од Босна и Херцеговина.
На 400 метри со пречки првото место го освои Николас Бет од Кенија со време 47.79 секунди. Среброто го освои Денис Кудриавцев од Русија, а бронзата му припадна на Џефри Гибсон од Бахамите.
Во скок во далечина победи Британецот Грег Рутерфорд, кој имаше скок со должина 8.41 метри, пред Фабрис Лапиер од Австралија и Џианан Ванг од Кина.
Во фрлање диск кај жените триумфираше Денија Кабалеро од Куба. Таа во првата серија дискот го фрли со должина од 69.28 метри. Зад неа на победничкиот подиум место заземаа: Сандра Перковиќ од Хрватска (сребро) и Надине Милер од Германија (бронза).
Репрезентативката на Етиопија Гензебе Дибаба победи во трката на 1.500 метри со време 4:08.09 минути, пред Фатих Кипигон од Кенија и Сифан Хасан од Холандија.
Ново на Сител
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот