-->
-->
СП атлетика: На петтиот ден - доделени пет комплети медали
-->
На Светското првенство во атлетика што се одржува во пекинг денеска на петтиот ден беа доделени пет комплети медали. Најголемо изненадување направи Вејд Ван Ниекерк од Јужна Африка кој во последната денешна трка на 400 метри го освои златниот медал (43.48 секунди) пред фаворитите Американецот Мерит (43.65) и Џејмс од Гранада (43.78).
Во фрлање копје кај мажите победи Џулиус Јего од Кемија, кој имаше фрлање со должина од 92.73 метри. Втор заврши Ихаб Ел Сајед од Египет (88.99 метри), а трет беше Теро Питкамаки од Финска (87.64).
Кај жените во дисциплината скок со стап најуспешна беше Кубанката Силва, која прескокна 4.90 метри, пред Мурер од Бразил со 4.85 метри и Кирјакопулу од Грција со 4.80 метри.
Во трката 400 метри со пречки најбрза беше Сузана Хејнова од Чешка со време 53.50 секунди, среброто го освои Шамер Литл од САД 53.94 секунди, а бронзата ја освои втората Американка Канандра Тејт - 54.02 секунди.
Најизедначена беше трката на 3.000 метри стиплчез кај жените. Хиуин Јепкенои од Кенија истрча до златниот медал со време 9:19.11 минути. Хабиба Ахриби од Тунис имаше само 13 стотинки послаб резултат, а Геса Краузе од Германија имаше само една стотинка послабо време од втората Ахриби.
Возбудливо беше и во полуфиналето на 200 метри кај мажите. Во своите групи победија Усеин Болт и Џастин Гетлин, што значи дека закажаа нова пресметка за утрешната програма.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Академски пленум: Професорите ќе поднесат петиција за вонредни избори, Вучиќ и Мацут поканети лично да ја примат
-
Владата на САД го одзема правото на Харвард да запишува странски студенти
-
Трипуновски: Новиот Закон за земјоделство и рурален развој на ЕНЕР, акредитацијата на ИПАРД 3 не е загрозена
-
Мексико се уште преговара со Трамп за царините
-
Холандската централна банка до граѓаните: Секое домаќинство да има кеш - 70 евра по возрасен и по 30 евра по дете
-
Лишен од слобода возач во Штип, управувал возило со 2,27 промили алкохол во крвта
-
Сиљановска-Давкова во телефонски разговор со Зеленски изразила поддршка на напорите за крај на војната
-
Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто