Ракомет
13. January 2019 - 20:01

СП 2019 - Ристовски: Самиот дуел против Хрватска е мотив сам по себе

Голманот на македонската репрезентација Борко Ристовски, по триумфот над Бахреин (28:23) се осврна и на следниот натпревар или првиот посериозен ривал за нашиот состав на овој Мундијал - Хрватска.
 
- Задоволни сме од двете победи, треба да бидеме внимателни. Тешкото допрва ни следува. Три натпревари кои ќе бидат многу посериозни.
Хрватска е репрезентација со квалитет и ТОП 5 кандидати за првото место. Секој дуел против Хрватска особено на големо првенство е мотив сам по себе и кога настапувате за својата држава пред се, изјави Ристовски во микс зоната.