Македонија
30. May 2016 - 14:33

Советување за чување на архивски материјал во Кавадарци

Советување за правна регулатива и техники на канцелариско и архивско работење, во организација на Државниот архив на Република Македонија, се одржува денеска и утре во Кавадарци.

Целта е како што кажа раководителот на одделението во Велес Слободан Ников, да се запознаат со најновите законски измени  сите кои поседуваат архивски материјал од областа на образование, здравство, стопанство и други.

- Ние сме тука како служба која е постојано на терен и на институциите им даваме стручна помош. Како подрачно одделение од Велес го покриваме подрачјето на Кавадарци, Велес, Неготино,  Демир Капија до Гевгелија. Досега имаме инзвонредна соработка, рече Ников.

Нагласи дека како архив се отворени за соработка со институциите и граѓаните.

- Материјалот кој го имаме е наменет за научни цели, но и за остварување на низа права на граѓаните преку добивање на разни видови на документи, како на пример од имотно првни односи. Годишно  имаме над 1.000 баратели на разни документи. Особено за остварување на правото на работен стаж, додаде Ников.

Предавачи на советувањето се д-р Ацо Ангеловски, кој е помошник раководител на сектор за инспекциски надзор и заштита на архивскиот материјал и Сузана Стамболиска од Одделението за надзор и контрола.