Советот на општина Кочани донесе нов генерален урбанистички план
Нов генерален урбанистички план за град Кочани за планскиот период од 2013 до 2023 година, донесе денеска Советот на општина Кочани.
По седницата на Советот, градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски истакна дека е донесен најважниот плански документ за Кочани.
- Општина Кочани водеше постапка за донесување на нов ГУП за град Кочани од октомври 2013 година и со задоволство може да соопштиме дека за него е добиена согласност од Министерството за транспорт и врски и денес е донесен од Советот на општина Кочани. Ова е значаен чекор за планирањето на развојот на Кочани за планскиот период од 10 години (2013–2023), рече Димитровски.
Површината на планскиот опфат со новиот ГУП изнесува 1033,27 хектари, што е за 217 хектари повеќе од површината на претходниот ГУП.
Според Димитровски, во новиот плански опфат има проширувања во јужниот дел од градот на локалитетите Средорек, Слатина и Полјаница сè до магистралниот пат А3, проширувања наменети за лесна и незагадувачка индустрија, големи трговски единици, инфраструктура за железничка станица, простори за спортска сала, хотелски комплекси и домување.
Во западниот дел од градот, северно од постојната зона за лесна индустрија и мало стопанство, над магистралниот канал, на север сè до улицата „Страшо Ербапче“ односно до влезот во Бели, посочи, извршено е проширување со намена за лесна и незагадувачка индустрија и домување.
- Мали проширувања има и во северниот дел од градот наменети за домување. Од сообраќајните решенија е планирана нова улица во западниот дел од градот, покрај складот на „Макпетрол“, која претставува врска до регионалниот пат кон Пониква со што ќе се избегне влегување на возила во градското подрачје, односно ќе се воспостави директна врска до СРЦ Пониква, рече Димитровски.
Со новиот ГУП за Кочани се планирани 19 градски четврти и натамошната разработка на деталните урбанистички планови ќе биде по градски четврти.
Димитровски додаде дека придобивките од новиот генерален урбанистички план се посебно значајни, затоа што ќе се овозможи побрз и поквалитетен економски развој со новопланираните површини за индустрија, трговски комплекси и со новите сообраќајни врски.
Ново на Сител
-
Портпаролот на ЕУ за Денот на жалост во Србија: Напаѓачите никогаш не треба да се поистоветуваат со жртвите
-
Откриен уште еден пишан јазик во Анадолија
-
Обраќање на Џафери на Европската конференција на претседатели на парламенти во Даблин
-
Ѓорческа во три сета обезбеди четвртфинале на фјучерсот во Србија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е што жените пратенички од СДС заради партиски притисок не смеат да го осудат Маричиќ
-
Прекината седница за пратенички прашања
-
Пожарот на прилепската депонија е локализиран, надлежните со сомнеж дека е подметнат
-
Маричиќ ги демантира обвинувањата од пратеничката Дафина Стојаноска