Советот на јавните обвинители ќе расправа за оставката на Аневски
Советот на јавни обвинители на Република Македонија на денешната седница треба да расправа за оставката на претседателот на Советот, Петар Аневски, кој во вторникот ја поднесе поради лични и семејни причини.
- Членовите на Советот ќе одлучуваат по мојата оставка в четврток. Дали ќе ја прифатат или не, тоа е нивна одлука. Без разлика на оставката, и понатаму останувам на функцијата член на Советот на јавни обвинители бидејќи сум избран од ОЈО Битола и ќе продолжам со таа функција од 1 септември ако биде прифатена мојата оставка. Мојата функција изминува во 2020 година и имам уште три години да ја вршам функцијата член на Советот на јавни обвинители, изјави Аневски пред два дена.
Тој се повлекува од претседателската функција, но и понатаму останува член на Советот.
Петар Аневски беше избран за претседател на Советот на јавни обвинители од 30 јуни 2014. На чело на Советот дојде од Вишото обвинителство во Битола.
Според Законот за Советот на јавни обвинители на РМ, претседателот на Советот се избира од членовите на Советот, од редот на избраните јавни обвинители, со мнозинство гласови од вкупниот број членови со тајно гласање. Советот на јавни обвинители, согласно законот, треба да брои 11 членови.
Ново на Сител
-
Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија
-
Времето лечи се | Катерина Ангеловска | Личен Развој | Sitel Podcast 047
-
На „Табановце“ се чека околу 15 минути за влез во државата
-
Нема промена на Рамката
-
Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата
-
Советници на Трамп му предале план за запирање на американската воена помош на Киев доколку не разговараат за мир со Москва
-
Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието
-
ЕУ ја продолжи заштитата на украинските бегалци до 2026 година