Совети против замор и исцрпеност на работа
Иако заморот на работа е вообичаен за луѓето – особено во попладневните часови, не мора да му дозволите да Ви го уништи работниот ден. Докторката Тара Сварт од Лондон, Англија, сподели пет совети за борба против работната исцрпеност, коишто, вели, многу лесно ќе се вклопат во Вашата дневна рутина.
Совет бр. 1: Пијте вода и останете хидрирани!
Пред сѐ, д-р Сварт ја нагласи важноста да се пие доволно вода. Таа вели оти дури и блага дехидрација може да ја намали функцијата на мозокот, да ја наруши меморијата и да ја засили тромоста. Таа советува и пиење повеќе вода и додавање електролити после тренинг.
Совет бр. 2: Дремливоста често е поврзана со ручекот
– Ручекот богат со јаглено-хидрати го зголемува шеќерот во крвта, што доведува до неизбежен пад (во енергијата). Наместо тоа, сосредоточете се на храна којашто го поттикнува Вашиот мозок и промовира енергија што ќе Ве одржува, рече лекарката.
Протеините го поддржуваат производството на невротрансмитери (на пр. допамин за мотивација), здравите масти ги подобруваат умствените перформанси, а зеленчукот обезбедува антиоксиданси во борбата против оксидативниот стрес. Д-р Сварт, исто така, препорачува храна како лосос и ореви, што се добри извори на омега-3, кога Ви треба сосредоточеност.
Совет бр. 3: Брзо одење
– Движењето го стимулира префронталниот кортекс и го зголемува протокот на крв во мозокот, објасни Сварт.
Совет бр. 4: Умерено изложување на Сончева светлина
– Имено, ова помага во регулирањето на Вашиот деноноќен ритам и го зголемува серотонинот, што пак, добро влијае на Вашето расположение и нивото на енергија, нагласува докторката.
Совет бр. 5: Вежби со длабоко дишење
Тоа е последен, но не и најмалку важен совет, според Сварт. Имено, стресот може да го зголеми попладневниот замор, а длабокото дишење го активира парасимпатичниот нервен систем, го намалува стресот и ја подобрува будноста. Најдобро е да вклучите неколку вежби за дишење во своето секојдневие, се препорачува.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Неапол и околината
-
Лани евидентирани 757 дивоградби, речиси сите се во приватна сопственост
-
Конзулатот е во комуникација со семејството на починатото девојче во Италија, велат од МНР
-
Во Милан очекуваат ветеранот Лука Модриќ да има лидерска улога во тимот
-
Николоски: Планина поместивме да го изгрaдиме експресниот пат од Фариш до Дреново
-
Сар: Израел е заинтересиран за воспоставување дипломатски односи со Сирија и Либан
-
Би-Би-Си: Сателитски снимки покажуваат санација на штетата во иранскиот нуклеарен погон Фордо
-
Фон дер Лајен: Договоривме „Компромис од Севиља“ за затворање на јазот во финансирањето на развојот