Сотирова-Бухова: ДСЗИ нема да амнестира никого кој би го загрозил здравјето на населението
Државниот санитарен и здравствен инспекторат ги доби резултатите од контролите за гостилницата „ДМ“ каде неодмна имаше труење со храна и оти оваа позната скопска кафеана ќе може повторно да работи.
Ова го соопшти денеска директорката Ирина Сотирова Бухова денеска на прес- конференција на која истакна дека оваа Институција цврсто стои на своите одлуки кои ги носи согласно позитивните законски прописи и оти нема да потклекне на какви било притисоци и закани за да измени свои извештаи, па дури ако од тоа го побараат лица кои имаат моќ и власт.
- Државниот санитарен и здравствен инспекторат нема да амнестира ничии пријатели и роднини, кои би го загрозиле здравјето на населението. Мора еднаш да почнеме да работиме и размислуваме поинаку. Здравјето на граѓаните нема да биде ставено на цена да се купува, потенцираше Сотирова Бухова, не сакајќи да открие дали ДСЗИ трпел притисоци и закани поради последните два случаи на труење, во сендвичарата „Седмица“ и гостилницата „ДМ“.
Таа посочи дека оваа институција има обемна работа, но дека има само 30 инспектори кои вршат самостојни надзори на терен на територија на цела држава.
Додаде дека ќе побара барем во секој град да има по еден вработен санитарен и здравствен инспектор во прво време и оти исто така ќе биде побарана корекција на законската регулатива.
Појасни дека 20- ина самостојни инспектори се на возраст од 54 до 67 години и оти во следните години оваа институција ќе остане само со 10 вработени самостојни инспектори со лиценци. Од друга страна, пак, посочи Сотирова, 12 вработени иако поседуваат соодветни лиценци за извршување на инспекторската работа, повеќе од осум години не им било дозволено да ја работат оваа работа. Финансиската импликација за овие лица за ДСЗИ не би била повеќе од 500-ини евра.
ДСЗИ, како што рече, располага со 30 возила, од кои една третина се амортизирани автомобили „југо“.
Ново на Сител
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре