Состојбата со поплавите во Албанија и натаму алармантна
Припадници на албанската полиција, армијата и територијалните протвпожарни единици се распоредени на целата територија на Албанија за да им помогнат на жителите погодени од поплавите.
Состојбата со поплавите е најкритична во јужниот дел на земјата, на подрачјето на Саранда, Фуш Круја, Ѓирокастро и Фиер. Во ова подрачје во текот на денот престојуваа албанскиот премиер Еди Рама и министерката за одбрана Олта Џачка, со цел непосредно да се запознаат со состојбата и проблемите.
Поради постојаното зголемување на дотекот на реката Вјоса и опасноста која им се заканува, во тек е евакуација на повеќе од 3.000 жители од четири села во регионот, во што се вклучени и армиски хеликоптери. Евакуираните ќе бидат сместени во Спортскиот дом, на стадионот и во индустриското училиште во Валона.
Стотици луѓе се евакурани и од централниот дел на земјата, каде се поплавени илјадници хектари земјоделски површини, а без електрична енергија се над 70 илјади домаќинства. Поплавени се и со стотици куќи, а најмалку 20 се уништени. Урнати се и најмалку три мостови.
Албанската Влада упати апел до граѓаните строго да ги почитуваат препораките што ги издаваат надлежните органи, бидејќи се очекува зголемување на нивото и на реките Семан и Шкумбин.
Немирното море услови прекин на поморскиот сообраќај и веќе два дена не сообраќаат траектите од албанските кон италјанските пристанишни градови и обратно.
Автопатот Тирана-Драч се уште е блокиран, а од попладнево е нормализран воздушнот сообраќај на аеродромот „Ринаси“ во албанскиот главен град.
Ново на Сител
-
Билки штетни за во спалната соба
-
Зидан ќе ја предводи Франција по СП 2026
-
Четвртфинале за младиот македонски тенисер Алексовски
-
Македонија домаќин на Светско училишно првенство во ракомет 2026
-
Трамп повторно се заканува дека ќе ја преземе контролата врз „ужасниот“ Вашингтон
-
За време на викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври
-
Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД
-
Рубио: САД сега подобро ги разбираат условите под кои Русија би била спремна да ја заврши војната во Украина