Состојбата со мигрантите на границата кај Гевгелија под контрола
Состојбата на границата со Грција е под контрола. Од македонска страна, како што информираат од полицијата се пропуштаат одреден број мигранти кои чекаат на границата согласно капацитетите на државата. Предност имаат поранливите категории. На дивиот граничен премин од грчката страна се уште има поголема група мигранти.
Претставници на УНХЦ информираат дека синоќа поради обилните врнежи македонската полиција на дивиот премин на македонско грчката граница пропуштила поголема група мигранти додека вчера во текот на денот пропуштани се ранливи групи на мигранти, односно повредени и мигранти со мали деца.
Воз со околу 300 мигранти утринава во 5 и 15 часот заминал од Гевгелија за Табановце, информираат од Железничката станица во Гевгелија.
Оттаму посочуваат дека за денеска се најавени повеќе вонредни возови за транспорт на мигранти, а патниците од меѓународниот воз од кој сообраќа од Белград до Солун утрово со автобус се упатија кон Грција.
Во текот на вчерашниот ден пет композииции со мигранти ја напуштија железничката станица во Гевгелија од нив три на редовна линија, а два вонредни и се упатија кон Табановце.
Како што инофмрираат од Железничката станица во Гевгелија композициите се со капацитет од 200 до 700 лица.
Следниот воз за Табановце треба да дојде околу 10 часот.
На железничката станица во Гевгелија има околу 200 до 300 мигранти. Мигрантите кои доаѓаат најчесто се од Сирија, Авганистан, Ирак, Пакистан, Сомалија, Палестина, Конго, Бангладеж, Нигерија, Камерун, Еритреја, Етиопија. До вчера на вкупно 41.595 странски државјани им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп