Балкан
1. October 2021 - 21:17

Состојбата со Ковид-19 станува сериозна на Балканот, епидемиолозите апелираат на вакцинација

Масовна вакцинација и враќање на ригорозните мерки бараат епидемиолозите на Балканот. Со растечкиот број ковид позитивни, ситуацијата ја нарекоа алармантна. Во Србија денеска има нови над 7.000 заболени и  46 починати пациенти. Причина за високите бројки, според вирологот и микробиолог Шеклер, се масовните собири, веселби, свадби, спортските натпреваи, концерти. Се бара затворање на сите угостителски објекти, а да работат само продавниците за храна, аптеките и бензиските пумпи. Смета дека веќе е доцна за барање вакцинални сертификати на затворено

 И во Босна, се пополнуваат болничките кревети, додека вакциналните  пунктови се речиси празни. Денесака се регистрирани 761 нов случај  и 28 починати. Од почетокот на кризата до сега вкупно се  починати 10,500 лица, а бројот на целосно вакцинирани е нешто над 13%.

Словенија има 970 новозаразени и 4 смртни случаи. Од хоспитализираните најмладионт има 21 година., додека најмладиот ставен на на респиратор 27 години

Хрватска  брои над 1,500 нови ковид позитивни и 10 починати денеска.

Во Црна Гора пријавени се 447 позитивни и 5 починати.

И додека европските земји, каде процентот на вакцинирани надминува 70%, се враќаат во нормала, Швајцарија е единствената земја во Западна Европа каде интересот за вакцинација е слаб, односно изнесува само 58%. Затоа властите од денеска ќе делат ваучер од 50 евра за секој кој ќе убеди некого да се вакцинира.