Свет
30. March 2020 - 10:13

Состојба со Ковид-19 во светот до 10 часот

 Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 723.732 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 34.000, а оздравеле 151.833 лица.

– Црна Гора информира за шест нови случаи на заразени со коронавирус, со што вкупниот број се зголеми на 91 лице.

– Јапонија ќе забрани влез за странци кои доаѓаат од САД, Кина, Јужна Кореја и поголемиот дел од Европа со цел спречување на ширењето на епидемијата.

– Кина пријави 31 случај на новозаразени со коронавирус, вклучувајќи и една локална трансмисија, што е опаѓање во споредба со 45 новозаразени претходниот ден. Провинцијата Хубеи, каде беше првото жариште на епидемијата, шест дена по ред нема нови случаи.

– Српскиот претседател Александар Вучиќ најави воведување построги мерки, вклучувајќи и 24-часовен полициски час.

– Во Словенија досега се евидентирани 730 случаи на заразени, во Хрватска 715, а во Србија 741. Во Босна и Херцеговина се потврдени 323 случаи, од кои шест лица починаа.

– Градската управа на Њујорк синоќа соопшти дека од вирусот во градот досега починале 776 лица, додека во таа сојузна американска држава има вкупно 1.026 смртни случаи.

– Капетанот на црногорската војска Бранимир Вулевиќ изјави дека во изолација се 98 војници од превентивни причини, како и дека досега меѓу нив нема заразени. Тој информира дека 134 припадници на војската се задолжени за чување на Клиничкиот центар и објектите наменети за карантин, додека повеќе од 50 вршеле деконтаминација на луѓе, моторни возила и материјално технички средства.

– Во привремената болница, поставена во халата на Белградскиот саем, наменета за заразени со Ковид-19 со блага клиничка слика, вчера се примени првите пациенти и до 20 часот беа сместени 33 лица.

– Во Централ парк во Њујорк во тек е поставување монтажна болница, која ќе прима

– Претседателот на Нигерија Мухамаду бухари синоќа нареди општа забрана за движење на населението во градовите Абуџа и Лагос, откако бројот на заразени во земјата се искачи на 100 лица.

– Јужноафриканската република соопшти дека бројот на заболени се зголемил за 93 за едно деноночие, и сега изнесува 1.280. ЈАР во петокот воведе 20-дневен карантин за луѓе, го ограничи движењето на населението, а повеќето фирми не работат.

– Јужна Кореја утрово извести за 78 новозаразени со коронавирус, додека бројот на излекувани се зголеми за 195 и сега од вирусот во таа земја се опоравиле вкупно 5.228 пациенти.

– Во Бугарија има нови осум случаи на коронавирус, зголемувајќи го вкупниот биланс на 354 заразени. Од нив, 221 лице се во Софија. Хоспитализирани се 127 лица, 13 се интубирани, а 15 излекувани.