Состојба со Ковид-19 во светот до 10 часот
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.434.247 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 82.143, а оздравеле 302.453 луѓе.
– Претседателот на Европскиот истражувачки совет (ЕРЦ) Мауро Ферари поднесе оставка откако не успеал да го убеди Брисел да почне научна програма од широки размери за борба против коронавирусот. Ферари, кој на 1 јануари почна четиригодишен мандат на местото претседател на ЕРЦ, за „Фајненшл тајмс“ изјави дека е „исклучително разочаран од европскиот одговор на Ковид-19“.
– Францускиот носач на авиони Шарл де Гол се враќа во пристаниште откако кај неколку војници се регистрирани симптоми на зараза со Ковид-19. Околу 40 лица од тој брод се под строг надзор на лекари.
– Одборот за доделување на Пулицероата награда ја одложува објавата за овогодишните добитници порaди пандемијата
– Состојбата а британскиот премиер Борис Џонсон кој поради коронавирус e на интензивна нега, е стабилно, изјави британскиот министер за здравство.
– Експерти од болницата Џонс Хопкинс во САД објавија дека смртноста од Ковид-19 во држави со масовна вакцинација против туберколоза е 5,8 пати пониска. Тие отстраниле фактори како економски развој на држаите процент на возрасни во населението. Врската меѓу вакцинацијата со БСЖ и пониската стапка на смрност според нив е „видлива“.
Ново на Сител
-
Субвенција од 1.000 денари за месечната сметка за струја за ранливите потрошувачи
-
Бугарскиот државјанин кој измами кумановка за 30.000 евра доби четири години и десет месеци казна затвор
-
Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува
-
Посебен сообраќаен режим вечер во центарот на Скопје поради протестен марш
-
Обвинителскиот тим проширен - 11 јавни обвинители вклучени во истрагата за пожарот во Кочани
-
Издадена наредба за обдукција и вештачење на оружјето од инцидентот во Волково
-
Со извици „Вие сте платеници“ новинарите избркани од Студентскиот пленум
-
Мицкоски: Расте просечната плата, пензионерите ќе го добијат покачувањето