Состојба на патиштата
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Од “Мануфактура” продукција најавуваат дека денеска поради снимање на францускиот филм “A Fond” затворен ќе биде делот од автопатот А1 од мотел „Македонија“ до Градско во периодот од 05:00 до 18:00 часот. Сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат со соодветна сигнализација.
Денеска поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево - Охрид, кај Извор, сообраќајот ќе биде во прекин 15 - 20 минути во период помеѓу 15:00 до 17:00 часот.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Од АД Гранит известуваат дека поради изведување на градежни работи од 01.09.2015 до 30.11.2015 државниот пат А3, делница Битола - Макази, фаза 1-ва од клучката кај бензинската Лукоил до клучката за с. Ротино, е затворена за сообраќај, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат Битола - Ресен. Пренасочувањето е обележано со соодветни сообраќајни знаци, согласно на Основниот сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.
Градежното Друштво “Гранит” АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип) изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Сообраќајот е целосно затворен до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.
Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес - Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:
- од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово, и
- од с. Лозово преку с. Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Ново на Сител
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење
-
Изгаснати два пожари во Велес
-
Кик бокс Маи Таи Федерацијата продолжува да расте
-
ДПИ ќе реферира во вторник на Влада за состојбата со високите цени на храната, можни се мерки за нивно ограничување