Македонија
13. December 2017 - 8:36

Состанок за програми за подобар живот на ранливите категории граѓани

Поттикнување на соработката помеѓу Црвениот крст на РМ и партнерските организации за воспоставување одржливи партнерства и обезбедување поддршка за општествено социјални програми за подобрување на квалитетот на животот на ранливите категории во зедницата има за цел 8. партнерски состанок што го организира Црвениот крст на Република Македонија.

Партнерскиот состанок ќе го отвори генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити, а обраќање ќе има и министерот за локална самоуправа Сухејл Фалзиу.