Состанок посветен на депресијата по повод Светскиот ден на здравјето
Институтот за медицина на трудот денеска организира стручен состанок на кој ќе бидат пренесени пораките од годинашниот Светски ден на здравјето за депресијата и менталното здравје.
Состанокот се организира во соработка со Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) и со поддршка на Министерството за здравство.
Со овој настан Институтот за медицина на трудот се вклучува во активностите на СЗО посветени на депресијата и дава придонес во превенцијата и контролата на оваа болест.
Според податоците на СЗО, депресијата претставува најчеста причина за онеспособеност на луѓето во светот. Над 350 милиони луѓе се заболени од депресија, а во Европа, четири од 15 луѓе страдаат од некоја форма на депресија. Се проценува дека на годишно ниво депресијата и анксиозноста доведуваат до глобални економски загуби кои се повисоки од еден билион американски долари.
Во Македонија според податоците на ФЗОМ лековите за нервениот систем се третата најпотрошувана група на лекови. Директорот на Институтот за јавно здравје вчера соопшти дека бројот на болнички лекувани пациенти од депресија и од депресивно растројство се зголемува со тек на годините. Така, во 2010 година бројот на болничко лекувани изнесувал 585, од кои 196 мажи и 389 жени, а во 2015 година тој број изнесувал 803 од кои 257 мажи, а 546 жени, што претставува пораст на болничко лекувани пациенти од 37 проценти.
Депресијата е болест што се карактеризира со чувство на постојана тага и губење на интересите за вообичаените активности, но и неспособеност за вршење на активности во траење од најмалку две седмици. Депресијата може да доведе и до тешки последици во односите со семејството и пријателите и на работното место, а може да доведе и до самоубиство.
Ново на Сител
-
Кривични пријави против две правни и две физички лица за бесправно градење
-
Сијарто: Не е само до Бугарија, членките во ЕУ што го поддржуваат проширувањето кон Западен Балкан се малцинство
-
Пуштен патот од Охрид до Св. Наум, со 11,7 милиони евра обновени 24,4 километри
-
Трамп: Израелските напади врз Иран се одлични
-
На огласот за самовработување пријавени над 2500 лица
-
Вкупниот промет во индустријата зголемен за 6 проценти во април на годишно ниво
-
Иран соопшти за најмалку 95 повредени во израелските напади во текот на ноќта
-
Израелски авиони извршија нов напад врз Иран