Состанок на секторската група „Образование, вработување и социјална политика“
Во Владата денеска се одржа работен состанок на секторската работна група „Образование, вработување и социјална политика“ посветен на потребата од директна координација помеѓу политиките за вработување и образовните политики од што зависи социоекономскиот развој во Македонија.
Како што соопшти владината прес-служба, покрај националните институции на состанокот првпат учествуваа и претставници на донаторската заедница, како и претставници на граѓанските организации, со што ќе се овозможи подобра координација помеѓу институциите и донаторите на политичко и техничко ниво.
Секторската група ја координираат Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука. Воведни обраќања имале министерките Царовска и Дескоска, и Никола Бертолини, раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ.
Министерството за образование и наука е фокусирано на реализација на Стратегијата за образованието 2018-2025, односно реформата во предучилишното, основното и средното образование, хармонизацијата на образованието со пазарот на труд, инклузивните образовни практики и воспоставување на систем за евалуација и обезбедување на квалитет во високото образование.
МТСП, пак, ги претставило клучните предизвици и планови - реформата на системот за социјална заштита, деинституционализацијата, мерките за вработување и зголемување на вработливоста, родовата еднаквост, раниот детски развој и решавање на прашањето на лицата без документи.
- Целта на оваа секторската група е да се канализира секторскиот дијалог за да се осигура заедничката работа на приоритетните мерки и политики во секторот „Образование, вработување и социјална политика“, и да се воспостави усогласеност и синергија помеѓу разните иницијативи. Исто така, преку ваквиот пристап, буџетските средства и целата помош и ресурси што стојат на располагање, ќе се користат целисходно, транспарентно и на најдобар начин за остварување на зацртаните политики, информира владината прес-служба.
Владата се заложи до 2019 година да воспостави целосно координиран секторски пристап помеѓу сите институции, донатори и партнерски организации.
Ново на Сител
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија
-
Азески: Господ на помош на тој што ќе донесе милијарда евра
-
Преглед на вестите од светот